(ВИДЕО) Левица: Две години неказнивост за модуларната болница, бараме правда за жртвите

Од:

Активисти на Црвена Младина денеска по повод двегодишнината од пожарот на модуларната болница во Тетово пред Основното Јавно Обвинителство ја исценираа монструозната изјава на несудениот нобеловец Зоран Заев по пожарот во модуларната болница: „Што треба, сите да се посипеме со пепел или со бензин и да се запалиме“?, притоа поставувајќи 14 празни столици во сеќавање на 14-те загинати лица во трагедијата, објави Левица.

„Потсетуваме дека целата „истрага“ за пожарот во кој животот го загубија 14 лица на надлежните институции заврши со обвинување на продолжениот кабел и условни казни за докторите и глоби од 4 000 денари, додека вистинските виновници уживаат во милиони крвави евра. При изведувањето на оваа акција, полицијата не држеше повеќе од еден час што говори дека побрзо ќе ги апсат тие што бараат правда отколку вистинските виновници“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он