МВР извести дека вчера околу 15.30 часот во гостиварско, од полициски службеници се уапсени А.А.(32) и З.И.(31) двајцата од гостиварското село Лакавица.
Тие се уапсени по пријава според која во село Страјане, гостиварско, со огнено оружје усмртиле два коња.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.