Сообраќајка во Скопје: Тројца повредени завршија во болница

Од:

МВР извести дека вчера во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Московска“ и „Женевска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел астра“, управувано од М.Т.(22) од Скопје и „хјундаи акцент“, управувано од М.Ц.(56) од Скопје.

Во несреќата, М.Т. се здобил со тешки повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, додека М.Ц.(56) и неговиот сопатник Х.П.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски