Денеска во беровското село Митрашинци, по добиена судска наредба од Основен суд од Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63).
При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и девет метри бавногоречки фитил.
Б.Б. е уапсен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.