Околу 114.000 луѓе се евакуирани поради тајфунот „Хаикуи“, кој утринава ја погоди југоисточната кинеска провинција Фуџијан, откако во претходните два дена го зафати Тајван.
Тајфунот достигна максимална брзина од 20 метри во секунда, по што ослабна и стана тропска бура, пренесе Ројтерс.
Училиштата во градот Фужоу ја прекинаа наставата, а метеоролозите издадоа предупредување за силен дожд.
Многу летови беа откажани на двата аеродрома во Фужоу и Гвангжу, а речниот сообраќај беше во прекин, објавија државните медиуми.
„Хаикуи“ се движи кон јужната кинеска провинција Гуангжу, а метеоролозите најавија дека ќе продолжи да слабее.