Мал драмски театар-Битола на фестивал во Подгорица

Од:

Мал драмски театар-Битола вечер ќе гостува на обновениот Интернационален фестивал на алтернативен театар-ФИАТ во Подгорица каде ќе биде одиграна монодрамата „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во режија на Роберт Симоновски, а во која настапува актерот Здравко Стојмиров.

Обновениот фестивал на алтернативен театар во Подгорица годинава е тематски определен, со натпреварувачки каратктер и од 1-ви септември заклучно со вечер настапуваат театри од Србија, Босна и Херецеговина, Македонија, Хрватска, Словенија и домаќинот Црна Гора.

– Темата на годинешниот фестивал е „Политички театар“. Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура на Република Црна Гора и градот Подгорица, а ние имаме чест да учествуваме на затворањето на оваа меѓународна културна манифестација, информираат од Мал драмски театар-Битола.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање