(ВИДЕО) Протест пред Влада: Скандалот со кражба на лекови на Онкологија не смее да помине неказнето

Од:

Почна протестот пред Владата поради објавениот скандал со кражба на лекови на Клиниката за онкологија.

Протестот е во организација на граѓански организации како натпартиска иницијатива.

“Јадат живи луѓе”, “платен геноцид”, “Убијци”, се дел од пораките на револтираните граѓани кои излегоа на протести пораци скандалот на Клиниката за Онкологија каде што медицински лица продавале цитостстици на црните пазари.

-Дојдовме да им кажеме дека ќе ги гониме во Њујорк, а нево Стразбур, не може даси играат со човечки животи- порачаа граѓаните.

Од Владата учедниците треба да се упатат кон министерство за здравство.

На протестот се бара одговорност од министрите за здравство, Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.

Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе се повика на оставка и одговорност од сите министри за здравство.

“Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!

Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери, стои во повикот.

Би можело да ве интересира

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Кривичен треба да продолжи случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

Одбраната на Васев и Нухи oбвинети во аферата „Онкологија 2“ тврдат дека се невини и дека случајот против нив е политички монтиран

Васев и Нухи обвинети во аферата „Онкологија“ постапувале во свој личен, но и во интерес на приватни компании, тврди Обвинителството

Во ќелијата на Васев се пронајдени мобилни телефони, тој тврди: „Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“

Горан Наумовски

Адвокатот на Васев од случајот „Онкологија“ вели: Повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно