Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро го поздрави предлогот на Русија за контрола и уништување на сириското хемиско оружје.
Во напис што го објави кубанскиот печат, 87-годишниот Фидел напиша дека благодарение на „интелегентната руска иницијатива, ризикот судирот да експлодира со сите свои последици е сведен на минимум“.
Фидел исто така ја нарече Русија „храбра земја“ која останала при својот став пред намерата на владата на САД и нејзините закани дека ќе изврши сеопфатен напад на бранителите на Сирија“.