Почина Крсте С. Џидров – Џиби, еден од најистакнатите македонски сценографи

Од:

Друштвото на филмски работници на Македонија изразува длабоко жалење по повод смртта на својот член, истакнатиот македонски сценограф и архитект Крсте С. Џидров – Џиби, кој почина на 73-годишна возраст.

Крсте С. Џидров е роден на 22. 12. 1950 во Скопје и започнувајќи од 1970 година до денес работи во областа на театарот. Џиби има изработено над 90 сценографии за драмски претстави во професионалните театри во Македонија и на просториите на некогашна Југославија, од кои над 15 од нив се наградени на фестивали, театарски манифестации и слично. Освен театарска сценографија, тој работи и сценографии за филм – досега има работено на пет реализирани целовечерни играни филмови, како и за повеќе кратки филмови и комерцијални спотови. Џидров има работено и сценографии за приредби од државен карактер, конгреси, културни манифестации, модни ревии и слично. Освен со сценографија, тој се занимава и со графички дизајн, при што има дизајнирано поголем број на каталози и плакати за потребите на повеќе театарски претстави, комерцијални проспекти како и плакати за некои фестивали.

За својата сценографска и графичка дејност, Крсте С. Џидров е добитник на повеќе значајни награди. Од наградите за сценографија кои ги има добиено се оние на: Аматерските театарски смотри во Кочани, во 1981 година, за претставата Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел; потоа на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп во 1984 година (за Натемаго на филозофскиот факултет и Пахантика во сон), 1987 година (за Калуѓерички тишини), 1989 (за Спиро Црне), во 1993 (за Женски прилог во ноќта) и во 2003 година за претставата Колку пати ќе умираме. Исто така е добитник на наградата на фестивалот Стериино позорје, во Нови Сад, во 1987 година, каде ја има добиено наградата УЛУПУДС за претставата Дервишот и смртта на Покраинското позориште од Приштина; на Позоришни сусрети Јоаким Вујиќ во Приштина, 1988 година, за претставата Брегот на жалоста; на БИМАС 85 за претставата Бакхи на Дубровачките летни игри во 1985 година, и на фестивалот на Албански театри во Дебар за претставата Дервишот и смртта Албанска драма Скопје, во 2004 година. Од наградите за театарски плакати значајни се оние на Триеналето на театарски плакат – Стериино позорје, Нови Сад за претставата Баал, во 1990 година, и наградата на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп, за претставата Грев или шприцер (1993 година).

Во својата долгогодишна работа прилично голем дел од сценографиите ги има направено за претставите на режисерот Владимир Милчин. Нивната соработка започнува од времето на постоењето на театарската, авангардна и култна театарска група „Театар кај Св. Никита Голтарот“ (1970 година), каде Џиби е актер а Милчин режисер. Претставата на „Голтарите“ беше направена според стиховите на писателот Славко Јаневски со наслов „Скици од преданието Каинавелско“ која во тогашната СФРЈ постигна големи успеси на многуте фестивали на кои настапуваше.

Во бројката од 41 режисер со кои соработувал Џидров се најголемиот број на македонски режисери од сите генерации: Амет Јакупи, Коле Ангеловски, Илија Милчин, Владо Цветановски, Љупчо Тозија, Владо Денчов, Срѓан Јанаќијевиќ, Димитар Христов, Кирил Петрески, Куштрим Бектеши, Мартин Кочовски, Софија Ристеска, Зоја Бузалковска, Александар Ивановски, Рефет Абази, Бесфорт Идризи, Нехат Мемети… Во својата сценографска кариера Џидров соработува и со гостувачки режисери од странство како што се Ајрин Луис (САД), Владимир Шмигашиевич (Полска), Златко Свибен (Хрватска),Георги Михалков (Бугарија) Александра Ковачевиќ, Златко Паковиќ (Србија), Иван Поповски (Русија), Џејмс Амар (Франција), Тања Милетиќ-Оручевиќ, Дино Мустафиќ (Б и Х), Примож Беблер (Словенија), Фадиљ Хисај, Илиријана Арифи, Агон Мифтари, Агим Сопи, Есад Брајшори (Косово), Гјерг Превази (Албанија), Метју Лентон (Шкотска).

Би можело да ве интересира

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски