Романија: Не е точно дека руски беспилотни летала експлодирале на наша територија

Од:

Романското Министерство за одбрана денеска ги демантираше тврдењата дека руски беспилотни летала паднале и експлодирале на романска територија во ноќен напад врз украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.

Министерството за одбрана „категорично ги отфрла“ извештаите дека руски беспилотни летала експлодирале на романска територија и повтори дека руските напади врз украинската цивилна инфраструктура се неоправдани и се против меѓународното право.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи денеска тврди дека руски беспилотни летала се урнале и експлодирале на романска територија во понеделникот вечерта за време на руски напад врз украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.

Романија е членка на НАТО алијансата.

„Според украинската државна гранична служба, синоќа при масовен руски напад во близина на пристаништето Измаил, руски „Шахеди“ паднал и експлодирал на територијата на Романија“, напиша на Фејсбук украинскиот функционер Олег Николенко.

„Тоа е уште една потврда дека рускиот ракетен терор претставува голема закана не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на соседните земји, вклучително и земјите-членки на НАТО“, рече тој.

Николенко објави фотографија на која се гледаат пламени јазици по експлозијата на спротивниот брег на Дунав.

Украински извор за Ројтерс изјави дека два руски беспилотни летала се урнале на романската страна на Дунав.

Николенко ги повика западните партнери да ја забрзаат испораката на системи за противвоздушна одбрана во Украина.

Во текот на ноќта, Русија изврши воздушен напад врз Измаил, едно од главните речни пристаништа во Украина за извоз на жито.

Откако се откажа од договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море, Москва започна чести напади на пристаништата на Дунав, кои оттогаш станаа главна рута за извоз на жито на Украина.

Нападот во понеделникот, во кој беа оштетени магацини и запалени згради во Измаил, уследи по руските напади во неделата врз другото големо пристаниште на Дунав, Рени, кои ја оштетија пристанишната инфраструктура и повредија најмалку две лица.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски