Матјe Касовиц е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Од:

Познатиот француски актер, режисер и сценарист Матје Касовиц (56) е тешко повреден во сообраќајна несреќа со мотор во поширокото подрачје на Париз, јавија француските медиуми.

Касовиц, најпознат по режијата и глумењето во филмот „Омраза“ од 1995 година, како и по глумата во филмот „Неверојатниот живот на Амелија Пулен“ (2001), претрпел „многу сериозни повреди“ додека тренирал да вози мотор.

Според други медиуми, актерот се подготвувал за нова улога кога се случила несреќата, а со него во тоа време била и неговата ќерка која исто така возела мотор.

Тој итно бил префрлен во болницата Кремљ-Бисетр, а неговиот живот не е во опасност.

Касовиц глумеше во неколку десетици филмови, меѓу најпознатите се „Дискретен херој“ на Жак Аудиар, „Амин“ на Коста Гаврас, а тој е ѕвезда на серијата „Биро“.

Би можело да ве интересира

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Горан Наумовски

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Камионџија загина во сообраќајка на автопатот Демир Капија – Гевгелија

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски