(ВИДЕО) Силен дожд во Шпанија, нема возови меѓу Мадрид и Барселона

Од:

Поради силен дожд и невреме што денеска ја зафатија Шпанија, во прекин е железничкиот транспорт на „медитеранскиот коридор“ меѓу Мадрид, Валенсија, Аликанте и Барселона.

Централниот и југоисточниот дел на земјава вчера ги зафати невреме, па затворени се многу патишта, паднати дрвја, а поплавени се и куќите на некои жители.

Жителите на Мадрид и околината добија предупредувачка порака на мобилните телефони да не излегуваат од домовите, но невремето таму помина без посериозни последици.

„Затоа цел ден го поминав затворена во куќата гледајќи филмови“, вели 30-годишната Патриша. „А сепак, невремето не беше толку лошо“, додаде таа.

Пожарникарите во Мадрид имале 726 интервенции.

Поради огромната количина на вода и кал на шините, возовите од главниот град кон западната провинција Екстремадура и јужна Андалузија привремено запреа во неделата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта

Пеку ден облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремен дожд

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Се повлекуваат банкноти од 50 евра