ВИДЕО: Спасена фармата во Штип, се гасне шумскиот пожар кој зафати 150 хектари

Од:

Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.

Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер.

Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На терен остануваат до локализирање на пожарот, кој е во атарот на штипското село Пиперово.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека бидејки пожарот е во близина на браната Мантово, хеликоптерот на МВР направи повеќе успешни и прецизни налети.

Би можело да ве интересира

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

ВИДЕО: Гори во Визбегово

Катерина Ѓуровски

Пожари кај Железничка, во Визбегово и во Сопиште

Катерина Ѓуровски

Состојбата со пожарите на отворено повторно се влошува, гори на пет локации