ВИДЕО: Штипските пожарникари се обидуваат да спасат свињарска фарма

Од:

Штипските пожарникари во моментов од огнените јазици спасуваат свињарска фарма, која се наоѓа меѓу регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото викано „20-ти километар“ и селото Пиперово. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека сите сили се насочени кон спасување на фармата.

-На терен сме 15 пожарникари со четири противпожарни возила. Очекуваме наскоро да пристигне и помош од воздух, вели Коцев.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов претходно изјави дека во атарот на штипското село Пиперово гори зимзелена шума, а се активира и поддршка од воздух.

Ова е втор пожар во овој атар, а според Ангелов олеснително за поддршката од воздух е што во близина е и вештачкото езеро Мантово.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он