Кривична и политичка одговорност за скандалот на Онкологија бара ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ бара да не се етикетираат сите медицински лица

Од:

Со кој образ владата на ДУИ и СДС води кампања дека тие се Европа, а Македонија ја тресе скандал со клиниката за Онкологија и правењето бизнис со терапијата на грбот на пациентите. Овој скандал не е од вчера, овој скандал трае со месеци наназад, а можеби и две години. Злоупотребата на скапата терапија, која наместо кај пациентите завршувала на црниот пазар не можела да се случува без знаење на највисоките структури во клиниката и во владата реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зошто МВР и Обвинителство молчеле цело ова време и покрај реакциите од јавноста. Зошто дозволувале некој да прави бизнис на сметка на животите на пациентите. Свесни ли дека доколку реагирале пред година или две или пред неколку месеци, нечиј живот можел да биде спасен или продолжен. Половина да е точно она што го објавија медиумите дека пациентите биле лекувани со физиолошки раствор, а терапијата одела под рака во странство или била нудена пак на пациентите, е огромен скандал и е крајно нечовечки. За овој скандал со злоупотреба на терапијата на клиниката на Онкологија мора да има политичка одговорност за молчењето и бавната реакција, но и темелна истрага после која ќе следи кривична одговорност. Доколку тоа не се направи сега, со овие киднапирани институции и киднапирано правосудство, одговорност ќе следи за многу скоро потоа после смената на власта, се вели во сооптението од партијата.

Од СДСМ пак велат дека акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите.

– За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега првпат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување. Наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда. Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период.Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

На Онкологија биолошка терапија им само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Катерина Ѓуровски

Недостигаат онколози и патолози, Таравари најаува можен мораториум за одредени специјализации

„Наместо 40 одиме 100 километри за хемотерапија“ – на Онкологија измачени пациенти и исцрпени вработени

A1on

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

A1on

СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство