Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген

Од:

Данска одлучи да го ограничи бројот на руски дипломати во својата амбасада во Копенхаген на пет, а бројот на административниот персонал на 20, принудувајќи ја Москва да повлече дел од персоналот, соопшти данското Министерство за надворешни работи.

„Одлуката да се воведе принципот на еднаквост во однос на големината на двете амбасади значи дека руската амбасада во Копенхаген треба да го намали сегашниот број на вработени“, се додава во соопштението.

Одлуката за намалување на бројот на вработени мора да се спроведе до 29 септември. Засега не се знае колку дипломати и друг персонал треба да ја напуштат руската амбасада.

Данска и Русија веќе подолго време преговараат за визите на вработените во данската амбасада во Москва за да се одржи доброто функционирање на амбасадите, како во Русија, така и во Данска, се наведува во соопштението.

Преговорите не вродија со плод поради постојаните обиди на руската страна во преговорите да ги внесе визите за руските разузнавачи, објаснуваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија