По рутинска операција која била извршена во понеделникот во болницата во Тузла, почина бебе.
Како што потврдија за порталот Дневни аваз, веднаш по операцијата и по преземените мерки за реанимација почина бебе родено во 2022 година.
„По повод споменатиот случај формиран е тим кој меѓу другото ќе ги утврдува процедурите кои се спроведуваат при лекување на споменатиот пациент“, изјавија од УКЦ Тузла за споменатиот портал.
Како што пишува порталот, бебето починало по рутинска операција на непце.