Украински беспилотни летала повторно полетаа кон руската престолнина и над југозападниот регион што граничи со Украина, соопштија утринава руските власти. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека противвоздушната одбрана соборила беспилотно летало што се приближувало до главниот град во текот на ноќта. Нема извештаи за жртви или материјална штета, рече тој.
In #Moscow, a strong fire in the South-Western District can be observed.
It is reported that this is the work of drones. pic.twitter.com/P3Rhym6jfi
— NEXTA (@nexta_tv) September 1, 2023
Во меѓувреме во областа Курск, два украински беспилотни летала полетаа кон градот Курчатов во раните утрински часови, соопшти гувернерот Роман Старовоит.
Russian media report on the work of air defense in the #Bryansk region. According to preliminary information, Bryansk is being attacked by drones. pic.twitter.com/zq2z3M9agp
— NEXTA (@nexta_tv) August 31, 2023
Тој рече дека во нападот биле оштетени управната зграда и куќата. Да потсетиме, нападите со украински беспилотни летала врз Русија се интензивираа оваа недела. Рано во средата, Русија го доживеа најголемиот напад со беспилотни летала на нејзина територија откако ја започна својата инвазија минатата година. Беа нападнати шест региони, вклучувајќи ги Москва и Брајанск.