Левица: Дојранското Езеро претворено во масовна гробница за риби и ракови!

Од:

Дојранското Езеро претворено во масовна гробница за риби и ракови! Угинати риби и ракови во водите и на плажите во Дојран! До Зелениот сектор на Левица стигна загрижувачка вест од населението на Стар Дојран. Имено, тие нѐ информираат дека на брегот на Дојранското Езеро можат да се видат многубројни умрени риби и ракови што езерските бранови ги исфрлиле на брегот. Ваков масовен помор дојранчани не го паметат досега, се вели во партиската реакција на Левица.

„Нашиот сектор во моментот размислува дека причина за смртта на рибите и раковите би можела да биде зголемената количина на езерски алги коишто смртоносно влијаат на езерската фауна, а се јавуваат како резултат на зголемена количина на азот и фосфор во езерото, главно од несоодветно третирање на отпадните води од домаќинствата и индустријата.

Но, како втора алтернатива во предвид доаѓа било кој друг штетен агенс којшто оваа година доспеал во езерото и негативно влијае на рибите и раковите. Зелениот сектор на Левица го повикува Државниот инспекторат за животна средина под итно да го испита овој немил настан, да изврши вонреден инспекциски надзор, да се земат примероци и да го утврдат можниот причинител за поморот на рибите и раковите. Не смееме да дозволиме драгоцениот езерски свет да страда поради негрижата на луѓето. Од Инспекторатот бараме веднаш да утврди дали и колку водата на Дојранското Езеро е безбедна за туристите и капацитетите, кога таа може да биде смртоносна за живиот свет во езерото?!“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство