Двајца вооружени латвиски војници ја преминале границата со Белорусија, соопшти Државниот граничен комитет на Белорусија.
„Камерите за видео надзор го снимија моментот на илегално преминување на белоруската граница од страна на две непознати лица во воена униформа. Вооружените безбедносни сили влегоа на белоруската страна на два метри, ја минаа границата, а потоа се вратија назад во Латвија“, соопшти белоруската армија.
Граничниот комитет истакна дека инцидентот се случил на границата со Латвија на контролниот пункт Григоровшчина.
„Фактот за нелегално преминување на државната граница на Република Белорусија на пропишан начин е известена соседната страна“, се наведува во пораката, пренесе РИА.