Германската полиција уапси маж осомничен дека пред седум години ја задавил својата сопруга во близина на Ахен.
Распаднатото тело на исчезнатата Дорота Г. беше пронајдено во торба во заклучена шупа на имотот на нејзината свекрва.
Полицијата го уапсила нејзиниот сопруг Манфред Г.(41) во куќата на неговите родители.
Тој е осомничен дека ја задавил сопругата во нивната куќа на денот на нејзиното исчезнување на 18 октомври 2016 година.
По нејзиното исчезнување, полицијата ја пребарала нивната куќа и шумата околу неа и не нашла ништо, додека Манфред тврдел дека се скарале и дека после тоа го напуштила нивниот дом.
Во меѓувреме, Манфред се преселил кај мајка си, а со себе наводно го зел телото на сопругата.
Полицијата истражува каде го криел телото во претходните години, додека при уште еден претрес во куќата на парот била пронајдена дамка на поткровјето. Истражителите се сомневаат дека таму имало торба со тело.
Дорота на денот на исчезнувањето имала 29 години.