Телевизиска екипа во Чикаго е ограбена во центарот на градот додека известуваше за грабежи

Од:

Екипата на една ТВ станица во Чикаго која известувала за серија кражби е ограбена од тројца мажи со фантомки.

Телевизијата „Унивизион“ која ја емитува програмата на шпански, изјави дека во пет часот наутро во центарот на градот снимале репортер и снимател, кога три маскирани лица им пришле, им впериле пиштол и ги ограбиле, ги зеле нивната камера и други работи.

– Им пријдоа со пиштоли, им одзедоа најмногу лични работи и камера – изјави Луис Годинез, потпретседател на телевизиската компанија задолжена за вести.

Тој додаде дека тема на известување биле серија кражби во центарот, кои требало да се емитуваат на утринските вести.

Тој изјави дека снимениот материјал останал во украдената камера и дека се што снимиле никогаш не било емитувано.

Полицијата во Чикаго соопшти дека никој не е повреден, но не се уапсени на разбојниците.

Годинез наведува дека телевизијата не сака да ги открие имињата на репортерите и снимателите, за да ја заштити нивната приватност.

– Добро се, сето ова го поминуваме заедно како тим – рече тој.

Ова е втор грабеж овој месец насочен кон новинарска екипа, откако на 8 август беше нападнат и ограбен снимател на WLS-TV.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски