Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Од:

Од следната среда ќе започне да сообраќа новата редовна железничка линија за транспорт на стока што ќе ги поврзе пристаништето во Солун и Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

Од солунското пристаниште (ОЛТХ) соопштија дека новата услуга за комбиниран транспорт на контејнери ќе биде на неделно ниво, ќе започне на 6 септември, а возовите ќе тргнуваат од Солун секоја среда и ќе пристигнуваат во Скопје истиот ден.

Конкретната услуга, според пристаништето, е резултат на соработката на ОЛТХ со 11 приватни и јавни организации.

Извршниот претседател на Управниот одбор и извршен директор на пристаништето Танос Лиагос рече дека новата услуга е климатски неутрална, а доколку има потреба и побарувачка од клиентите, редовната линија може да сообраќа почесто.

-Новата услуга на комбиниран транспорт нуди климатски неутрален транспорт од солунското пристаниште до Скопје, што значително придонесува за намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) поврзани со транспортниот сектор. Истовремено, му овозможува на ОЛТХ дополнително да ја развие поврзаноста на пристаништето, како и неговата меѓународна мрежа во областа на комбинираниот транспорт, со што Солун го приближува до клиентите во Југоисточна и Централна Европа. Солунското пристаниште е подготвено да ја зголеми фреквенцијата на маршрутата, врз основа на побарувачката на клиентите, рече Лиагос.

Додаде дека само со континуирана модернизација на железничката инфраструктура ќе се овозможи понатамошен развој на нови и иновативни услуги за комбиниран транспорт.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Силен земјотрес во Грција

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Повторно ќе почне да функционира нафтоводот Солун – Скопје