Утрово на излезот од Сплит на Пољичка цеста дошло до тепачка меѓу Хрвати и странци. Тепачката избила околу 11:30 часот поради сообраќајно недоразбирање.
Според првите информации хрватскиот државјанин побарал лекарска помош, велат од полицијата. Странците побегнале од местото, пишува Далмација Данас.
Полицијата води кривична истрага.