Медведев: Се поблиску сме до апокалипса

Од:

Дмитри Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот совет за безбедност, повторно ја спомена можноста за „апокалипса“ во случај на натамошна ескалација на конфликтот во Украина. Причина за неговото излегување е фактот што украинските сили решиле да ги нападнат Русите во анектираниот Крим, тврди Украинска правда.

„Украинските криминалци објавија дека добиле одобрение за напади низ Русија, на пример нападот на Крим, напиша Медведев на Телеграм.

„Тоа би било повод за војна што ќе и даде можност на Русија да дејствува во рамките на законот за војна против секого и сè во земјите на НАТО. За жал, пророштвата за апокалипсата се поблиску до нас“, додаде тој. Медведев објави и неколку цитати од советските водачи Никита Хрушчов и Владимир Ленин, како и цитат од Откровението.

Во јули, Медведев напиша статија за владиниот весник Росијскаја газета, во која истакна дека нуклеарната војна е „сосема веројатна“, но дека нема изгледи за победник. Тој постојано изјави дека западната поддршка за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород