Поранешниот британски премиер Борис Џонсон смета дека рускиот претседател Владимир Путин е виновен за смртта на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
„Целиот свет многу добро знае дека човекот кој стои зад убиството на Пригожин е истиот човек кој ги одобри, на пример, труењата во Велика Британија на Александар Литвиненко и Сергеј Скрипал. Путин беше разоткриен како гангстер, а неговата апсурдна телевизија“ почит на мртвите Вагнерити делува како сцена од Кум“, рече Џонсон.