Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ужице – Златибор, загинаа сопружниците Драгослав С.(65) и Зорица С.(66) и нивната деветгодишна внука, додека втората, 11-годишна внука со тешки повреди е примени во болницата во Ужице.
Според првите и неофицијални податоци од истрагата, сообраќајната несреќа се случила помеѓу цистерна и возило „шевролет спарк“. Возилото го управувал Драгослав, додека Зорица билa на совозачкото седиште. Девојчиња биле на задните седишта.
Неофицијално возилото на Драгослав преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со цистерна. Брачната двојка починала на лице место, а девојчињата со тешки повреди се пренесени во болницата во Ужице. И покрај напорите на лекарите едно од девојчињата им подлегнало на повредите.
Од силината на ударот предниот дел на „шевролетот“ бил целосно смачкан, а неопходна била и интервенција на пожарникарите.