Пригожин бил многу нервозен од последната средба со Путин

Од:

На телеграм каналот CPC-OGPU, наводен сведок сведочеше за последната позната средба меѓу Евгениј Пригожин и рускиот претседател Владимир Путин.

Состанокот, наводно, се одржал неколку дена по неуспешниот бунт на Вагнер. Според информациите, приватен авион на компанијата МНТ Аеро во Белорусија го презелa поранешниот шеф на Вагнер, кој прво слетал во Санкт Петербург, а подоцна, на 29 јуни, Пригожин пристигнал во Москва.

Пред средбата со Путин, Пригожин летал сам и бил одлично расположен: слушал музика, се шегувал со екипажот.

Како што забележале членовите на екипажот, по средбата со Путин, шефот на платениците бил многу нервозен. Тој беснеел, се расправал со соработниците и цел час колку што траел летот тој не престанал да зборува со повишен глас, вели сведок на настанот.

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во средата, но датумот на погребот сè уште не е одреден. Телото се уште не е предадено на семејството, па рускиот обичај да се закопа телото три дена по смртта сигурно нема да се почитува.

Се поставува и прашањето каде ќе биде погребан лидерот на Вагнер.

Со оглед на титулата Херој на Русија, Пригожин има право на место во главната воена некропола на земјата – „Пантеонот на бранителите на татковината“ во Митишчи, Московскиот регион, кој беше отворен во 2013 година.

Евгениј Пригожин загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа во областа Твер во Русија, а околностите се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски