Британците тврдат: Аверјанов стои зад авионската несреќа на Пригожин

Од:

Британските разузнавачки служби наводно го имаат главниот осомничен за авионската несреќа во Русија во која загина лидерот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Според нивните информации, зад наводната несреќа стои генерал-мајор Андреј Аверјанов.

Британскиот „Скај њуз“ пишува дека британските разузнавачки служби наводно го имаат главниот осомничен за смртта на лидерот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин во авионската несреќа што се случи во средата во областа Твер во Русија. Во авионот „Ембраер 600“ загинаа десет лица, меѓу кои и Дмитриј Уткин, еден од основачите на таа паравоена единица, а според информациите на британските разузнавачки служби, станува збор за генерал-мајор Андреј Аверјанов.

Кремљ ги негираше тврдењата на британските и украинските тајни служби дека стои зад смртта на Пригожин, додека професорот и безбедносен аналитичар Мајкл Кларк вели дека Аверјанов претходно го заменувал Пригожин на чело на „Вагнер“ во Африка. Аверјанов ја води единицата 29155 на ГРУ (руската разузнавачка служба), која спроведува операции во странство по налог на Владимир Путин.

Оваа единица е поврзана со многу убиства, вклучувајќи го и она на рускиот шпион Александар Литвиненко.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски