Протестен марш на кочанските пензионери за линеарно покачување на пензиите

Од:

Пензионерите од кочанскиот Иницијативен одбор велат дека се револтирани од изјавите на надлежни за нивните пензии. Тие денеска повторно излегоа на протестен марш и побараа да се одвојат пари за повисоки пензии.

На протестниот собир потсетија на барањата за линеарно покачување од 3.500 денари на сите пензионери и минимална пензија од 18.000 до 20.000 денари, а потоа се упатија на протестен марш до Фондот за пензионерско и инвалидско осигурување. Според пораката што ја упатија, ќе продолжат со протестите за достоинствен живот.

– Масовното присуство на овој протест за правда и право на достоинствен живот е потврда дека сме доведени до дно на егзистенцијата, дека немаме друг избор освен да се бориме да го добиеме тоа што ни припаѓа, предолго чекавме и предолго молчевме, изјавија пензионерите.

Ова е втор протестен марш на Иницијативниот одбор на пензионери од Кочани, за кој потсетија дека не е политички мотивиран. Според најавите, пензионери од цела држава ќе го одржат вториот генерален протест на 20 септември кога се одбележува Денот на пензионерите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари