Борците на Вагнер и неколку десетици граѓани се собраа на импровизираниот споменик на Евгениј Пригожин во неговиот роден град Санкт Петербург. За потсетување, руската владина агенција за воздухопловство објави дека шефот на Вагнер бил во авионот што се урна вчера во областа Твер во Русија.
⚡️Wagner soldiers mourning Prigozhin near the Novosibirsk office in Russia pic.twitter.com/NGhCeJqffZ
— War Monitor (@WarMonitors) August 24, 2023
На социјалните мрежи се шират видеа на кои се гледаат војници на Вагнер во униформа како полагаат цвеќе на земја пред портретите на Пригожин и Дмитриј Уткин.
– На едно видео се гледа како борецот на Вагнер паѓа на колена и плаче, пишува Гардијан.
„Тука сум да го почитувам споменот на Пригожин…Ја поддржувам неговата политика, Вагнер е праведен“, изјави млад човек кој синоќа застана пред седиштето на Вагнер, давајќи изјава за рускиот весник „Сота“.