Пристигна првата реакција на рускиот претседател Владимир Путин за авионската несреќа во која, според официјална Москва, загина основачот на платеничката група Вагнер. Во телевизиска изјава, Путин му „изрази сочувство“ на семејството на Пригожин.
Vladimir Putin confirms Yevgeny Prigozhin died when the Wagner founder's plane crashed yesterday.
" I knew Prigozhin for a long time, from the early 1990s. He had a difficult path and made serious mistakes in his life. But he got results – for himself, and when I asked him." pic.twitter.com/dYZTRVOW5q
— max seddon (@maxseddon) August 24, 2023
Путин го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“ кого го познава од 1990-тите. Тој исто така рече дека руските власти ќе го земат предвид она што истражителите го откриваат за авионската несреќа, но веднаш додаде дека „истрагата за инцидентот ќе потрае некое време“. Тој исто така тврди дека Пригожин „имал тежок животен пат и направил сериозни грешки во својот живот“.
Првата реакција на Путин дојде околу 24 часа откако авионот со кој наводно се превезуваше Пригожин се урна северно од Москва.