Платеничката група „Вагнер“ ќе биде уште поопасна под команда на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
„Вагнер е под раководство на Путин. Секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала? Што се однесува до мене, тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.
Приватната воена група „Вагнер“ беше контролирана од Евгениј Пригожин, за кој се верува дека загина во авионска несреќа вчера во Русија. Силите на „Вагнер“ беа преместени во Белорусија по бунтот предводен од Пригожин, а нивното присуство во Белорусија се смета за потенцијална закана за соседна Полска, членка на НАТО.