Запленети половина тон кокаин во Аргентина

Од:

Во Аргентина полицијата заплени половина тон кокаин, чија крајна дестинација, најверојатно бил европскиот нарко пазар.

Кокаинот го откриле дресирани полициски кучиња на аеродромот во Буенос Аирес.

Дрогата била сокриена во пакет адресиран до нафтена компанија со седиште во нигерискиот град Лагос. Меѓутоа, како што соопштија аргентинските власти, таква компанија воопшто не постои во регистерот на деловни субјекти во Нигерија.

Запленетиот кокаин на европскиот нарко пазар би достигнал вредност од речиси 25 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ