Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Аргентина.
Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) објави дека тлото се затресе во провинцијата Сантијаго дел Естеро, пренесе Ројтерс.
ГФЗ соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 575 километри.