Пред влезот на еден „Мекдоналд“ во Велика Британија изби тепачка во која главна улога има поранешен пензиониран боксер.
92 year old former professional boxer defends himself in a street fight. pic.twitter.com/CsQS8BDv4k
— Boxing Kingdom (@BoxingKingdom14) September 17, 2022
Насилници го нападнаа пензионерот не знаејќи дека е подготвен да возврати.
Конфронтацијата траеше неколку минути, а виталниот пензионер успеа да ги нокаутира двајцата напаѓачи. Во неколку наврати ги собори напаѓачите и не се откажа. Му се допадна борбата, па секој пат се враќаше да ја „заврши“ работата.
На крајот му снема сила, па еден од напаѓачите успеа да го собори, но за разлика од ривалите, пензионерот брзо се врати на нозе.