Светиниколските пензионери ќе ја блокираат клучката кон Куманово

Од:

Пензионерите од Свети Николе денеска од 9 до 10 часот ќе излезат на протест, но и ќе ја блокираат клучката од излезот и влезот на градот кон Куманово.

Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека продолжуваат со протестите се до исполнување на барањето, линеарно покачување од 3500 денари, без исклучување на поедини категории на пензии. Забележува дека финансиската состојба на пензионерите, особено на оние со минимални примања е тешка. Трудовиот инвалид Ванчо Ѓеоргиев надополнува дека со пензиите не можат да преживеат до крајот на месецот.

За денешниот протест најавено е дека пензионерите на блокадa ќе излезат и со своите трактори, имајќи во предвид дека Овче Поле е втора по големина житница во земјава и каде населението егзистира од производство на жито, детелина, лозја, бостан и градинарски производи.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата