„Ми се јави да слушам како вреска“ – тетката на убиената Низама ги откри најстрашните детали досега

Од:

Веста за монструмот кој киднапираше жена, ја претепа и ја усмрти со куршум во челото додека нивното дете лежеше на подот во крвта на мајката, додека снимаше и пренесуваше се во живо на Инстаграм, ја објавија сите најголемите медиумски куќи во светот. Тетката на убената жена, Зијада досега даде две кратки изјави за медиумите кои ги пренесоа во целиот регион, но немаше сили да проговори подлабоко за Низама. За хрватскиот „Јутарњи лист“ таа првпат целосно си ја отвори душата.

Секогаш ми беше како ќерка, кога забремени, се врзавме на посебен начин. Имаше тешка бременост, не и беше лесно. Сето тоа го поминав со неа. Беше особено блиска со нејзината сестра, но таа живее во Сребреник – вели Зијада.

Откако ја претепал Нермин, Низама го земала бебето и побегнала во Сребреник. Кога дознала дека ја бара невеначаниот сопру,г насилник, повикала полиција. Им кажала сè и рекла дека се плаши да не дојде во станот каде што биле таа и детето, но тие и рекле дека ако сака да пријави мора да дојде во станица.

Кога отишла во станица од полицијата во Сребреник на Низама и рекле дека не можат ништо бидејќи не е од нивната општина. Ова е првпат улогата на полицијата во Сребреник да се споменува во настаните што му претходеа на убиството.

– Не можам да верувам, навистина не можам, дека ова може да се случи. Таа ми рече дека имале несогласувања, но кој нема? Ние не се мешавме во неговите работи, ниту пак разговаравме за тоа со Низама. Таа ни беше како наше дете, тој и беше сопруг. Полудел оти таа го пријавила, нели ќе полудеше уште повеќе ако го пријавувала и претходно – тетката ги демантира пишувањата на медиумите дека ова не била прва жалба на Низами против нејзиниот сопруг.

Тетката и тетинот на Низама велат дека бил направен хаос околу нејзиното барање невенчаниот сопруг да не и се приближува. Тврдат дека грешки направиле и полицијата и судијката која го одби брањето. Овој однос велат тие покажува колку Низама и сите други злоупотребувани жени се безначајни за системот.

– Ништо од него не бараше. Беше специфична личност, таа за да го спаси бракот повеќе му угодуваше отколку на себе. Не ја спречувал да се дружи, но бидејќи и самиот не бил друштвен, имале тесен круг на пријатели, а таа ги намалила контактите со околината. Кога таа остана бремена и им се роди детето, се беше во ред меѓу нив – вели Зијада Памуковиќ.

Таа и нејзиниот сопруг не зборуваат за проблемите на Сулејмановиќ со законот. Тој бил, потврдува полицијата, член на криминална организација од Градачац, кој во Хрватска бил уапсен во рамките на операцијата Никита во 2014 година, кога полицијата растурила синџир на шверц на 806 килограми марихуана. Тој бил обвинет и за напад на полицаец, а одлежал пет и пол години затвор бидејќи го претепал.

Кога Низама побегнала од него и го пријавила, Нермин Сулејмановиќ дивеел. Тој се јавувал на нејзиното семејство, ги пцуел и им се заканувал на сите.

– Низама и јас ги повикавме сите негови пријатели и прашавме дали некој може да и помогне. Ги повикавме и неговите роднини. Рекоа дека не можат ништо да му направат. Дури и предложив да му се јават и да го однесат на некакво лекување бидејќи не беше нормален во тие денови. Ми јавуваше и мене. Ми велеше плачејќи: „Тетко, кажи ми каде е“. За пет минути повторно се јавува и вели: „Ако не ми одговорите за пет минути, ќе ги убијам сите, прво ќе го убијам детето, нека гледа, па таа и сите вие“. Повторно се јавува за десет минути и се извинува. Како да се дрогирал, но Низама ни кажа дека мислела дека тој сепак не се дрогирал поради сите тие препарати што ги користел за мускулите – раскажува Зијада.

Кога почнала драмата, која кулминираше со убиство на три лица, било, вели, страшно. Сите живееја во страв. Никој досега не ги спомнал родителите на Низама. Мајката не е во најдобра здравствена состојба, таткото работи во странство, а Низама се потпре на нас за да ја спасиме од дивиот Сулејмановиќ. Како што минуваа деновите, тој беше сè поупорен, Низама се повеќе се плашеше, објаснуваат роднините.

Побарала полициска заштита, во понеделникот, вели тетинот Самир, полицијата дошла да ја земе Низама со цивилна кола и ја вратила дома. Таа требаше да даде изјава, рече дека се плаши за сопствениот живот и животот на детето, но дека се согласува со барањето за забрана за приближување.

– Никој не ја виде ниту знаеше дека е со нас. Ниту соседите. Тоа го знаеше само полицијата. Следниот ден ни дадоа судско решение дека е одбиена забраната што ја бараа од судот. И двете плачевме. Низама немаше кому да се обрати за помош – вели Зијада.

Нермин и еднаш претходно, пред денот на убиството, бил во куќата на Зијада и на Самир барајќи ја Низама, но тие успеале да го убедат дека не е кај нив.

Низма и нејзините роднини го очекувале татко и сметале дека кога тој ќе си дојде девојката и бебето ќе бидат безбедни.

-Претанувавме да се плашиме бидејќи вечерат требаше да си дојде татко и на Низама и се ќе се реши. Таа го избања бебето, ја изми косата, изгледаше поопуштено. Таа го чекаше својот татко. И тогаш, кога се разбудивме, здивнавме, последната ноќ помина. Таа остана уште малку во кревет. Сварив кафе за неа, чај за себе, направив супа за бебето. Низама ѝ донесе лек. Погледнав низ прозорецот од кујната и го видов како трча кон куќата. Само и реков: „Нермин“. Таа праша: „Што ќе правиме сега, тето?“. Додека тој тропаше по вратата, таа влезе во собата на мојот син и ја заклучи вратата. Пукаше на влезната врата, испука четири, пет куршуми. Со тупаница го скрши стаклениот ѕид од терасата, искрвари насекаде и влезе во куќата. Повикав помош, но кој ќе дојде кај него? И некои работници беа таму, надвор, кога пукаше, избегаа. Тој влезе, ми го стави пиштолот на глава и ме праша: „Каде е?“. Детето заплака, слушна и тргна кон собата. Пукаше во бравата, но не можеше да влезе. Се врати на терасата и влезе преку стаклената врата. Го избрка мојот син од собата. За среќа син ми го зеде телефонот и повикав полиција. Низама не сакаше да ја напушти собата, и го зеде бебето и излезе надвор. Потоа излезе и таа, се расправаа. Сето ова продолжи, полицијата никаде ја немаше. Низама плачеше, викаше. Не ја тепаше во мојата куќа, крвта беше негова, и беше низ цела куќа. Таа ме погледна и рече: „Помогни ми, тето“. Тоа икогаш нема да го заборавам. Недим, мојот син тргна кон неа бидејќи таа молеше за помош. Нермин, кој стоеше покрај автомобилот на патот со бебето, почна да пука и го погоди со два куршуми. Кога Недим падна, Низама седна во автомобилот, за да не продолжи да пука. Еден од соседите повикал брза помош. Дојдоа и тие, го зедоа ранетиот Недим, полицијата сè уште ја немаше – во гласот на Зијада се мешаат очај, тага и гнев.

Нема никој во Градачац кој не е убеден дека полицијата се плашела од Сулејмановиќ и затоа се двоумела. Поминаа неверојатни повеќе од три часа пред да биде опколен од специјалните сили кои во меѓувреме пристигнаа. Се самоуби. Кога им се јавила Зијада, велејќи дека Сулејмановиќ влего вооружен, дека ѝ држел пиштол во главата, дека пукал во нејзиниот син, ја испрашувале, вели за возраста, името на татко и…

– Кога ќе го вратам филмот и што друго можеше да се случи… Можеше да не убие сите. И бебето. А на полицијата и требаше 21 минута да дојде. Од нашата куќа до полициска станица е неколку километри. Кога го пријавила дека ја тепал, полицаец ја прашал: „Знаеше кој е, зошто се зезаше со него?“. Таа страдаше поради туѓите грешки. Која е вредноста да те испрашуваат во полиција пет-шест часа? Требаше да си ја завршат работата кога требаше. Кај мене дома дојдоа четворица полицајци кога моето дете беше рането, а мојота роднина и бебето ги однесе манијак. Четири! И тие излегуваат од кола и одат како да доаѓаат на кафе и ме прашуваат што се случило!? И гледаат дека брзата помош си оди. И мојот син денес не е добро. Не спие, не може да биде покрај луѓе.

Додека била во болница со синот, Сулејмановиќ ја претепа Низама, ја застрела во главата и уби уште две лица. Во 10:33 часот и се јавил на Зијада.

– Веројатно за да го слушнам нејзиниот крик. Ми напиша: „Кучко, зошто не одговараш?“. И се јавувал и на нејзината болна мајка да ја слуша ќерката како вреска и моли за нејзиниот живот и за животот на нејзиното дете.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

ВИДЕО: Шини буквално висат во воздух, огромни штети од поплавите во Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски