Најмалку 18 лица загинаа, а 16 се повредени денеска кога автобус се запали откако удри во паркирано комбе во источната пакистанска провинција Пенџаб.
Несреќата се случила кога автобус кој се движел кон главниот град Исламабад се судрил со комбе кое превезувало бензин.
По судирот се запалиле и автобусот и комбето. Според полицијата загинале возачите на двете возила.
Во автобусот имало повеќе од 40 патници, а неколку од повредените се во критична состојба бидејќи се здобиле со тешки изгореници.