Орбан: Унгарските компании сакаат да ја прошират својата работа во Русија

Од:

Унгарските компании планираат да ги прошират своите активности во Русија и покрај санкциите и политичките тешкотии, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

„На средбата беше констатирано дека, врз основа на досега постигнатите резултати, подготвени сме да ја продолжиме соработката во области како што е земјоделството. И покрај санкциите и политичките тешкотии, унгарските компании застапени во Русија бараат можности да ги прошират своите активности “, изјави Берталан Хаваси, портпарол на унгарскиот премиер, пренесува МТИ.

Претседателот на Татарстан дојде во Будимпешта на покана на Орбан по повод унгарскиот национален празник Свети Стефан, кој се слави викендов.

Унгарија има долгогодишни блиски деловни односи со Татарстан, а најголемата унгарска компанија за нафта и гас МОЛ е вклучена во заеднички проекти.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот