Бидејќи претходно немаше можност да се види толку многу саудиски фудбал, големо внимание привлекуваат сцените кои се случуваат денеска во фудбалот на оваа азиска земја, а една од тие беше на дуелот помеѓу Ал Наср и Ал Тавон.
Ал Наср на Роналдо загуби од Ал Тавон. Сепак, имаше необична сцена веќе во првата минута од играта, а актер беше голманот на Ал Насра, Валид Абдула.
Абдула за малку ќе беше жртва на непријатна случка чисто поради невнимание. За негова среќа се се заврши добро.
أنا اللي نبهت #وليد_عبدالله في أول لقطة بالماتش ..اسمع 😅😅#النصر_التعاون #النصر #النصر_مسحور
النصر اليوم #الهزيمة_الثانية pic.twitter.com/0w2ggAQPGa— Mahmoud Ibrahim (@MAHMOUD2022DZ) August 19, 2023
На самиот старт од натпреварот, голманот не следеше што се случува на теренот, додека стоперот на неговиот клуб беше свртен кон својот гол и ја враќаше топката кај голманот.
Голманот Абдула, кој не гледаше што се случува, мораше да биде предупреден од навивачите дека топката оди кон голот. За негова среќа, топката не отиде во рамката од голот, туку кон него, па успеа да интервенира и да не дозволи корнер.
Навивачот кој ја сними сцената и го спаси срамот на голманот набрзо стана популарен на социјалните мрежи поради видеото кое го објави.