Лавров му се закани на Западот: Ризикувате војна на нуклеарните сили

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави вчера дека поседувањето нуклеарно оружје од Русија е нејзин единствен одговор на безбедносните закани, пренесе руската новинска агенција ТАСС, пренесува Ројтерс.

„Поседувањето нуклеарно оружје денес е единствениот можен одговор на некои од значајните надворешни закани за безбедноста на нашата земја“, рече шефот на руската дипломатија во интервју за државното списание „Международнаја живн“, објавено рано денеска на официјалната веб-страница на министерството за надворешни работи.

Минатиот месец поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека Москва ќе мора да употреби нуклеарно оружје доколку контраофанзивата на Украина против руските сили биде успешна. Лавров рече дека САД и нивните сојузници во НАТО ризикуваат „ситуација на директен вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили“.

„Сметаме дека ваквиот развој на настаните треба да се спречи. Затоа мора да потсетиме на постоењето на високи воени и политички ризици и да испратиме отрезнувачки сигнали до нашите противници“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна