Властите на Оклахома Сити истражуваат можно убиство-самоубиство, откако полицијата соопшти дека пет лица, меѓу кои три деца, се убиени во престрелка во средата вечерта, пишува Фокс њуз.
Како што пренесува Фокс 25, член на семејството ја посетил куќата која е во близина на Мелроуз Лејн и Роквел, каде пронашол неколку мртви членови на семејството, вклучувајќи возрасна жена и три деца. Возрасниот маж кој пукал во себе првично бил хоспитализиран, но починал, соопшти полицијата.
На видеата направени на местото на настанот се гледа како повеќе полицајци и истражители влегуваат и излегуваат од домот. Пукањето и понатаму е под истрага на полицискиот оддел на Оклахома Сити.