Групно силување на тинејџерка на Мајорка: Снимки од нападот пронајдени во телефоните на осомничените

Од:

Еден швајцарски државјанин и група од пет француски туристи се уапсени откако британска тинејџерка наводно била групно силувана во туристичкото место Магалуф.

Судијата во главниот град Палма откри дека има видеа од наводното силување на телефоните на најмалку еден од осомничените, соопшти полицијата.

Жртвата се сретнала со осомничените силувачи во понеделникот вечерта, а подоцна отишла во хотелската соба на еден од осомничените, каде шестмината наводно сексуално ја нападнале, се вели во изјавата на жртвата во полицијата на Мајорка.

Цивилната гарда се појавила во хотелот откако добила телефонски повик од член на хотелското обезбедување кој затекнал млада жена како плаче. Набргу потоа полицијата ги приведе осомничените, сите на возраст над 20 години.

Иако осомничените се во затвор, ниту еден од нив не е официјално обвинет, бидејќи истрагата е во тек. Не се соопштуваат детали за нивниот идентитет или идентитетот на наводната жртва.

Детективите ја прегледале просторијата во која наводно се случил нападот и ги прегледале безбедносните снимки од влезот на хотелот како дел од тековната истрага.

Лекарот ја прегледал жената и наводно открил траги од притисок на нејзините раце, пишува Дејли Мејл.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата