Инструктор од автошкола влета во излог веднаш под знакот „научи да возиш“

Од:

Неименуван инструктор за возење од Лејквуд, Колорадо пред некој ден со својот Hyundai Tucson успеал да „влезе„ низ прозорецот на автошкола. Како се случил инцидентот полицијата не наведува.

Инцидентот го потврди и фотографија која на Твитер ја објави локалната полиција, во чие соопштение се наведува дека едно лице се здобило со полесни повреди. Останатите сведоци на бизарната несреќа успеале навреме да побегнат, а инструкторот добил парична казна за сообраќаен прекршок на крајот од неуспешниот работен ден.

Фотографијата покажа дека инструкторот поминал низ ѕидот и скршил голем стаклен прозорец, веднаш под знакот „научи да возиш“. Сопственикот на автошколата Стив Роман подоцна за медиумите изјави дека несреќата ја предизвикал нововработен, човек кој само втор ден бил на работа.

Би можело да ве интересира

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

САД воведоа нови санкции кон Иран: Трамп има „недостаток на добра волја“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд