Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Од:

Пари Сен Жермен утрово соопшти дека по позитивните разговори е одлучено Килијан Мбапе повторно да му се приклучи на тимот на Луис Енрике.

Иако нема потврда за договор за продолжување на соработката, односно потпишување на нов договор, очигледно е дека ПСЖ попушти и го врати Французинот бидејќи има индиции дека ќе има нешто во продолжението на преговорите.

Имено, како што пишуваат некои извори, работата што ја завршил ПСЖ во текот на летото го натерала Мбапе повторно да размисли. ПСЖ донесе квалитетни засилувања во одбраната, Лукас Хернандез и Милан Шкринијар, Угарте на позицијата последен играч за врска е потенцијално засилување на сезоната, додека нападот го засилија Гонсало Рамош, Марко Асенсио и најважно – Осман Дембеле!

Мбапе одамна сака да го има Дембеле во својот тим, не е тајна дека најмногу му се допаѓа кога игра со него во репрезентацијата, бидејќи тој носи ширина на десната страна и ги растегнува противниците за Мбапе да има многу повеќе простор.

Мбапе и Дембеле се блиски пријатели, добри соиграчи и неговиот трансфер дополнително влијаеше на натамошниот развој на преговорите со Пари Сен Жермен.

Шлагот на тортата е Нејмар. Одамна е познато дека Мбапе и Нејмар не се во најдобри односи, едноставно и двајцата сакаат да бидат лидери и во центарот на сите случувања и често се зборуваше дека им треба уште една топка на теренот за да бидат задоволни.

Откако си замина Меси, а сега очигледно и Нејмар, Мбапе останува практично сам, и најголема ѕвезда.

Би можело да ве интересира

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Мбапе и Кејн го поделија трофејот „Герд Милер“ во Париз

А1он

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Потпиша за Реал, па доби БМВ од 200.000 евра – но не знае да вози

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид