ВИДЕО: Над Кримскиот мост облаци од чад, пресретнати два проектили

Од:

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа чад над теснецот Керч.

Руските системи за противвоздушна одбрана соборија два проектила во областа Керченскиот Теснец, мостот на Крим не е оштетен, изјави лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов на Телеграм.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како чад се издига над мостот на Крим.

Сообраќајот е привремено во прекин, јавува рускиот новинар Владимир Соловјов на Телеграм. Советникот на Аксјонов Олег Крјучков напиша дека чадот е резултат на димна завеса поставена од руските специјални служби.

Сообраќајот наскоро ќе биде обновен, додаде тој, пренесува „РИА Новости“.

Од гостите и жителите на Крим се бара да останат смирени и да им веруваат само на официјалните извори на информации, напиша Аксјонов.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород