Уапсен е директорот на фабриката чиј магацин експлодираше во средата во Сергиев Посад во близина на Москва, јавуваат руските државни медиуми.
Во експлозијата се повредени повеќе од 60 лица, а едно лице загина.
ТАСС објави дека Сергеј Чанкаев, технички директор на Пиро-Рос, e приведен додека истражителите ги претресувале просториите на компанијата, заплениле документи и ги испрашувале вработените.
Сега е официјално потврдено дека Чанкаев е уапсен и ставен под надзор на Градскиот суд vo Сергиев Посад во Московскиот регион. Деталите за експлозијата не се објавени, ниту дали Чанкаев на некој начин бил вмешан во експлозијата.