Американскиот државен обвинител Дејвид Вајс доби дополнителни овластувања да го истражи случајот на синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер, откако пропадна спогодбата за признавање вина за даночно затајување и обвиненија за оружје.
„Со ова проширување на овластувањата, се обидувам да му ги дадам на Вајс сите ресурси што ги бара“, изјави американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој ги зголеми овластувањата, пренесува Би-Би-Си.
Тој додаде дека тоа го направил „од личен интерес“.