Катастрофални последици од поплавите во Норвешка

Од:

Норвешките власти денеска се во состојба на готовност во случај да треба да се евакуираат повеќе луѓе од југоисточна Норвешка, каде обилните дождови предизвикаа издигнување на реките и езерата и покрај дводневното суво, но облачно време.

Едно од најтешко погодените места беше градот Хенефос, каде што реката Бегна се излеа од своиeтo коритo, а властите размислуваа да префрлат повеќе луѓе низводно поради страв од лизгање на земјиштето, пренесе АП.

Се проценува дека вкупно 3.600 луѓе веќе се евакуирани, пренесе норвешката агенција NTB.

„Постојано се трудиме да размислуваме неколку чекори понапред. Подготвени сме да реагираме уште побрзо“, изјави Магнус Нилхолм, локален менаџер за итни случаи во регионот Хенефос, за норвешката телевизија NRK.

Ивар Бертлинг од Норвешката Дирекција за водни ресурси и енергија (НВЕ) изјави за NTB дека нивото на водата околу Хенефос, околу 40 километри северно од Осло, се очекува да продолжи да расте и да остане високо барем до понеделник.

На север, во близина на езерото Строндафјорден, нивото на водата е 2,5 метри над нормалата.

„Евакуацијата е драматичен настан во секојдневниот живот, особено за децата“, рече норвешкиот премиер Јонас Гар Стере за време на денешната посета на една од погодените области.

Норвешкиот крал Харалд V (86) денеска бил информиран за ситуацијата во седиштето на НВЕ, западно од Осло, додека неговата сопруга, кралицата Соња, сè запишала во тетратка.

Властите се уште не соопштуваат колку луѓе се евакуирани низ целата земја. Според груба проценка, штетата досега може да изнесува една милијарда круни (речиси 100 милиони долари).

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он